На скопското подрачје и денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 27 степени.
Метеоролозите најавуваат вакво време и останатите делови од земјава. Во следните неколку денови ќе се задржи доста нестабилното време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.