Малолетници со нож ограбиле 21-годишно момче во скопски Градски парк

Група малолетници ограбиле момче во скопски Градски парк, соопшти полицијата.

МВР наведува дека биле вооружени со остар предмет.

-На 13.11.2022 во 21.40 часот во Полициската станица Центар, Б.М.(21) од Скопје пријавил дека околу 20.40 часот во Градскиот парк неколку малолетни машки лица со закани со остар предмет му одзеле пари, се наведува во информацијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестАрсовска аплаудираше, советничка од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова стана независна
Следна вестСтудентите на протест пред Собранието, бараат да запре уништувањето на студентскиот стандард