Малолетник каснат од куче скитник во Скопје

Продолжуваат проблемите со кучињата скитници во Скопје. Малолетник бил каснат од куче скитник во текот на вчерашниот ден.

-На 24.05.2023 во 22.30 часот во Полициската станица Аеродром, С.К.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, соопшти МВР.

Скопјани долго време имаат проблеми со уличните кучиња и речиси да на помине ден, а да не се случи некој ваков инцидент.

Претходна вестПреку апликацијата „Мое здравје“ граѓаните ќе имаат увид во сопственото медицинско досије
Следна вестПуштен во употреба магистралниот пат Куманово-Страцин, рехабилитиран по 32 години