Пуштен во употреба магистралниот пат Куманово-Страцин, рехабилитиран по 32 години

Во употреба денеска е пуштен рехабилитираниот магистрален пат Куманово-Страцин кој е дел од Коридорот 8 и со должина од 31,2 километри. Реконструкцијата чинеше 12 милиони евра. На денешната свеченост премиерот Димитар Ковачевски, кој истакна дека делницата се рехабилитира првпат после повеќе од 32 години.

-Покрај овој магистрален пат, токму во овој регион интензивно се извршуваат градежните работи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, каде што дополнително со реконструкцијата и проширувањето со дополнителна трета лента до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, на источниот крак ќе имаме комплетен патен Коридор 8. Значи од најлошиот пат во државата кој водеше од Куманово до границата со Бугарија на Деве Баир сега ќе имаме модерен магистрален пат по кој ќе се вози и побрзо и побезбедно, изјави премиерот.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски истакна дека е завршена и рехабилитирацијата на обиколницата на Куманово која беше во крајно лоша состојба.

Претходна вестМалолетник каснат од куче скитник во Скопје
Следна вестАнкета: За Македонците Србија е најпријателска земја