Марија од Гевгелија почна да продава крофни за да се соберат парите за лекување на Луна

Малото девојче Марија од Гевгелија почна да продава крофни со цел да помогне во собирањето на парите потребни за операција на малата Лун. Марија на овој чекор се решила по примерот на малата Нина од Нови Сад која продаваше крофни за да собере пари за лекувањето на својот татко.

Иако живеат во ист град двете девојчиња не се познаваат, но тоа не било пречка за Марија да ја почне иницијативата и да и помогне на својата сограѓанка.

Засега продажбата на Марија оди успешно. Вчера на нејзиниот шанад имаше многу гевгеличани кои купуваа од крофните. Покрај Марија и уште две деца, Петар и Силвија, исто така со продажба се обидуваат да помогнат во собирањето пари за Луна.

На Луна Поп Костоја која има дијагноза Спастична квадриплегија во склоп на церебрална парализа и е потребна помош. Таа мора итно да оди на операција во Аџибадем Турција поради сколиоза во последен стадиум. За нејзиното лекување се потребни 64.300 евра, а средствата треба да се соберат до август.

Истовремено се отворени и телефонските броеви за донации: Телеком 143 – 103 и на А1 143 – 478 на кои може сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција.

Претходна вестМногу ѓубре е наталожено во Скопје, треба ли граѓаните да зачистат?
Следна вестПредупредување до целиот свет: Подгответе се за уште поекстремни временски услови