Многу ѓубре е наталожено во Скопје, треба ли граѓаните да зачистат?

Скопје се уште се дави во ѓубрето. Проблемите во ЈП „Комунална хигиена“ и денеска се без решение откако вработените побараа поголеми плати, исплата на К-15, бенефициран стаж, откако се спротивставија на отпуштањата. Директорката и градоначалничката, пак, со свои аргументи за тоа дека имало вработени кои земале плата, а воошто не доаѓале на работа, дека имало они екои работеле само во трета смена за да земат поголеми плати, дека имало роднински и партиски вработуавња… Очигледно, многу проблеми се наталожени во градското претпријатие кое треба да се грижи за јавната хигиена. Да работите бидат уште повалкани, започнаа и политичко-партиски обвинувања за тоа кој стои зад сето ова…

Денеска ќе заседаваат и градоначалниците од скопскиот регион но прашање е што тие може да решат? Без да се решат проблемите во „Комунална хигиена“ градот тешко дека ќе може да се исчисти и одржува како треба.

Не треба многу за да се заклучи дека и овој, како и други градски проблеми, својот извор го има во длабоките политички и партиски конфронтации кои постојат во Градот Скопје на релација меѓу градоначалничката Данела Арсовска, најбројната коалиција во Советот предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но и опозицијата предвдена од СДСМ. Веќе со месеци сите тие не можат да најдат никаков заеднички јазик за доброто на граѓаните на Скопје. Конфликтите ексалираат секогаш кога треба да се најде некое заедничко решение, посебно кога се во прашање градските претпријатија. Така беше кога е во прашање градскиот превоз, за пречистителна станица, за состојбата во ЈП „Водовод и канализација“, сега и за „Комунална хигиена“…

Иако сите се колнеа и дава ветувања дека интересите на граѓаните им се пред се, тоа не се случува. Напротив, проблемите стануваат се потешки и градските служби се повеќе се парализираат. Состојбата станува неодржлива оти сега во опасност се доведува и здравјето на граѓаните. Тоа значи дека некој излез мора да се најде и во ваква ситуација мора итно да се најдат решенија како натаму да функционира градот. Во опција треба да бидат сите решенија, па и оние преку кои граѓаните самите ќе покажат со кога сакаат да расчистат за да вакви проблеми веќе не се повторуваат.

Претходна вестВолкановски ја одбрани светската шампионска титулата, тензично соочување со следниот предизвикувач: Ќе го разнесам!
Следна вестМарија од Гевгелија почна да продава крофни за да се соберат парите за лекување на Луна