Масакар во САД: Поранешен вработен упаднал во банка и почнал да пука

Пет лица загинаа во инцидентот во „Старата национална банка“ во Кентаки. Меѓу загинатите е и напаѓачот, а повредени се осум лица.

Вооружениот напаѓач отворил оган во конференциската сала на првиот кат на Старата народна банка околу 8:30 часот по локално време. Според полицијата, напаѓачот и претходно имал врски со оваа банка, односно бил поранешен вработен.

Полицијата одговорила во рок од три минути по повикот утринава и се сретнала со осомничениот „речиси веднаш“, рече заменик-началникот на полицијата во Луисвил, Пол Хемфри на брифингот со новинарите.

Најмалку двајца полицајци биле ранети за време на престрелката со осомничениот, рече Хемфри, додавајќи дека на еден од полицајците му е извршена операција во локалната болница.

Сведок во зградата каде што се случи пукањето изјавил дека неидентификуван маж со долга автоматска пушка почнал да пука на првиот кат.

Претходна вестПрипадници на косовската специјална полиција раниле Србин додека возел кола
Следна вестНедановски: Против Војводина ќе добијат шанса помладите ракометари