Маск: Ве молам да произведувате литиум, а не апликации за споделување фотографии

Првиот човек на „Тесла“, Елон Маск, апелираше до инвеститорите да инвестираат во производство на литиум. Т ој побара од претприемачите наместо да креириаат апликации за споделување на фотографии да се насочат кон производство на

– Акцентот е многу повеќе на рафинирањето на литиум отколку на неговото ископување. Има литиум, само се работи за создавање капацитет за рафинирање, рече тој.

Маск истакна дека Tesla има план да отвори рафинерија за литиум во Тексас, а работата треба да започне во мај.

Маск ја искористи можноста да ги повика претприемачите да преработат што е можно повеќе од овој минерал, кој се користи за производство на батерии за електрични возила.

„Наместо да креирате апликација за споделување фотографии, ве молиме свртете се на преработка на литиум“, рече тој.

Литиумот игра клучна улога во производството на сите видови литиум-јонски батерии кои ги напојуваат електричните автомобили и се произведува најмногу во Австралија, Чиле и Кина.

Поради тежнеењето да се премине на електрични возила, неговото производство достигнува нови рекорди во последните 25 години.

Претходна вестЛевица: СДСМ, ДУИ и ДПМНЕ го блокираат предлог законот за данок на екстра профит, работат во корист на најбогатите
Следна вестШефот на „Гугл“ лани добил 226 милиони долари плата и надомест