Маж најмил две жени за кај лекар, за да добие потврда дека неговата сопруга е луда

Белграѓанец извадил лажно лекарско дека неговата невенчана сопруга е луда и неспособна да се грижи за децата. Тоа го сторил со помош на две жени кои ги најмил да појдат на психијатар и да се претстават како неговата партнерка, да глумат депресија и самоубиствени мисли, за да тој потоа ги искористи тие документи на суд.

Сите тројца, мажот и двете жени добија кривични пријави.

Според пријавата, осомничените, прво мажот и една од жените „глумици“ на 02.09.2022 година дошле во Здравствен дом „Ѕвездара“, каде осомничената С.Л. лажно се претставила како А.В. која е поранешна сопруга на осомничениот и побарала преглед од општ лекар за да добие упат за психијатриски преглед, а со вака добиениот упат истиот ден била прегледана од психијатар кој составил записник и дал упат за преглед во Заводот за ментално здравје.

На 21.11.2022 година, мажот со друга жена овој пат, М.М која исто лажно се преставила дека е бившата сопруга, отишле на преглед кај специјалист кој во пријавата констатирал ризик од самоубиство и ја упатил на итно лекување на Клиниката за психијатриски болести „Д-р Лаза Лазаревиќ“.

Осомничениот маж ги собрал сите овие документи  ги однел пред судот каде се водела постапка за остварување родителско право над малолетните деца, искористувајќи ги да прикаже дека неговата сопруга е душевно болна и не може да се грижи за децата.

Оштетената жена пријавила во обвинителството за оваа измама и откако биле повикани на разговор, двете жени кои се преставувале како неа, го признале делото. Врз основа на признанието судот донел пресуди со кои осомничените ги прогласил за виновни за лажно преставување и ги осудил на условни казни со затворски казни од шест месеци и три години набљудување.

 

Претходна вестДојави за бомби во 20 училишта во Скопје и во Прилеп
Следна вестСобрани 450.000 евра за настраданите во Турција и Сирија, потребни нови ќебиња, вреќи за спиење, греалки…