Темен режим Режим на светлина

Собрани 450.000 евра за настраданите во Турција и Сирија, потребни нови ќебиња, вреќи за спиење, греалки…

Заклучно со 14.02.2023 година преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 27.909.130 денари, односно, околу 450.000 евра, соопшти денеска оваа хуманитарна организација.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат и натаму да донираат парична помош на:

Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

Може да се донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина:

Зимски семејни шатори

Ќебиња

Греалки на струја/плин

Церада (постилка за на земја)

Церада (зимска)

Вреќи за спиење

Столици на расклопување (се претвора во кревет)

Креветчиња на расклопување

Фенер на соларно напојување

Кујнски сетови

Храна и средства за хигиена ( според стандардите за хуманитарна помош)

Задолжително сите донирани артикли да бидат нови.

Приоритет да се става на (зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Лажен „лекар“ измамил битолчанка за илјадници евра

Маж најмил две жени за кај лекар, за да добие потврда дека неговата сопруга е луда

Следна објава

Исландските ледени пештери природен феномен кој исчезнува