Осуденик починал во затворот Идризово

Маж починал во затворот Идризово, информира полицијата.

Имено, вчера во 09.54 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал А.Г.(48), осуденик од Тетово, информираат од полицијата.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Телото на починатиот по наредба на Јавен обвинител било дадено за обдукција, соопшти полицијата.

Претходна вестИсландските ледени пештери природен феномен кој исчезнува
Следна вестДраган Даравелски пуштен на слобода