Исландските ледени пештери природен феномен кој исчезнува

Исландските ледени пештери се сосема необичен и неверојатен природен феномен. Овие шуплини во ѕидовите на глечерот се формираат кога дождот и стопената вода истекуваат од глечерот, продирајќи низ нив, создавајќи ги најнеобичните форми. Во летните месеци, кога глечерот се повлекува, овој замрзнат пејзаж се менува и во текот на зимата се појавуваат нови пештери и шуплини.

Овој неверојатен природен феномен едноставно ги принуди туристите да го посетуваат се почесто, за да уживаат во неговата вонземска убавина. Меѓутоа, ова сино чудо на природата од ден на ден се повеќе се топи и практично исчезнува пред нашите очи.

Сцените се исклучително атрактивни, па туристите во организирани групи одат на обиколка и ја истражуваат внатрешноста на глечерот. Еден од најпознатите глечери е Брејдамеркурјокул во Националниот парк Ватнајокул, околу 380 километри источно од Рејкјавик. Се простира на околу 17 квадратни километри, а зафаќа и голема и длабока долина која се спушта на околу 300 метри под морското ниво.

За жал, тој се повлече, голем дел од неговата површина исчезна во последните 50 години. Климатските промени ги топат глечерите на Исланд побрзо отколку што можат да закрепнат, што го загрозува нивното постоење. Научниците стравуваат дека доколку продолжи овој тренд, за 150 години воопшто нема да постојат.

Организираните туристички тури на глечери и пештери првенствено имаат за цел да ја подигнат свеста за климатските промени. Денеска се се попопуларни, има групи од дури 300 до 400 туристи кои ги посетуваат во организирани тури. Пештерите може да се посетат во периодот од ноември до март, додека времето е сè уште студено.

Претходна вестСобрани 450.000 евра за настраданите во Турција и Сирија, потребни нови ќебиња, вреќи за спиење, греалки…
Следна вестОсуденик починал во затворот Идризово