Темно Режим Светло Режим

Мицкоски на средба со специјалниот пратеник на Трамп: Градиме партнерство базирано на взаемна почит

Мицкоски на средба со специјалниот пратеник на Трамп: Градиме партнерство базирано на взаемна почит Мицкоски на средба со специјалниот пратеник на Трамп: Градиме партнерство базирано на взаемна почит

Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој, порача премиерот Христијан Мицкоски по средбата во Минхен со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии.

Мицкоски истакнува дека со Гренел имал плодна средба и одлична дискусија.

– ​САД остануваат нашиот најголем поддржувач и стратешки партнер. Во време на глобални предизвици, зајакнувањето на ова партнерство е од клучно значење за нашата национална безбедност и економски напредок. Градиме партнерство базирано на взаемна почит, економска соработка и заедничка посветеност на мирот и стабилноста, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.

На вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски оствари средби со холандскиот премиер, Дик Схоф, со Џаред Коен, претседател за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.

Претходниот Пост
Се собраа над 200.000 демонстранти во Минхен, побараа пад на иранскиот режим

Се собраа над 200.000 демонстранти во Минхен, побараа пад на иранскиот режим

Следниот Пост
РК Охрид доминираше против Дукла Прага

РК Охрид доминираше против Дукла Прага