Мицкоски: После подолго време за прв пат сме на иста бранова должина со Пендаровски, очекувам да ги повика партитие на рефрендум

Морам да признам дека после подолго време за прв пат можеби сме на иста бранова должина со Пендаровски, во таа насока и јас размислувам да излезам со формулација на прашањето пред Извршниот комитет, но и пред граѓаните. Но и очекувам Пендаровски потоа да ги повика и останатите политички партии во Македонија доколку таа биде суштината на прашањето и да излезат на референдум, Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Кавадарци одговарајќи на прашање по предлогот на Пендаровски околу формулирањето на прашањето за референдумот што го најавува опозицијата.

Мицкоски додаде дека е пријатно изненаден од ставот на Пендаровски бидејќи е позитивен за референдумското изјаснување, а референдумот претставува највисок чин на демократијата во една држава.

– Граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани, бугаризирани, под диктат да имаат европска иднина, или пак горди, достоинствени, кога за тоа ќе се создадат услови во блиска иднина да имаме европска иднина. Европската иднина и желбата на граѓаните, но и на политичките субјекти никогаш не било под знак прашање и немало дилема, туку само патот. Е, сега за жал оваа криминална Влада за практично да добие условно амнестија од меѓународната заедница за криминалот кој што го прави, нема проблем да распродава и да удоволува на определени бирократи во нивните барања. Но, мислам дека се движиме во правилна насока и еве ова што го кажа и Пендаровски, во таа насока да дадеме на граѓаните можност да одлучат каква да биде нивната европска иднина, дали ваква каква што ја нуди власта на СДСМ и ДУИ, или горда и достоинствена, нагласи Мицкоски.

Во интервјуто што ќе биде објавено во најновиот број на неделникот „Фокус“ Пендаровски предлага доколку се одржи референдумот што го најавува опозицијата, тогаш референдумското прашање да гласи „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови“.

-Колку што разбирам, прашањето нема да биде за уставните промени, туку ќе биде за билатералниот договор со Бугарија и зошто тој влегува внатре. Ако некој не разбира дека овој билатерален договор, а и со Грција, се оската по која ние продолжуваме кон Европа, и сака тоа да го нема, почесно е референдумското прашање да гласи: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“. Без спомнување договори, точки… Опозицијата треба да излезе со чесна формулација и ако е такво прашањето, сите партии треба да излезат на референдум, а не да бојкотираат,  вели Пендаровски во интервјуто.

Претходна вестЏафери: Не може да ме навредуваат на лична основа а јас да не одговорам на тоа
Следна вестПо реакциите во јавноста директорот Настов дообјаснува: Патеката околу лавиринтот ќе биде со тартан