Доколку денеска се бара одлука на Влада за францускиот предлог Горан Милевски, лидер на ЛДП, ќе биде против негово прифаќање. Ваков став лидерот на либерал-демократите кој е и министер за локална самоуправа, искажа по вчерашната средба со шефот на државата Стево Пендаровски.
-Ние уште немаме одлука на партиски органи. Ако се инсистира на брз процес, тоа нека се прави без нас. Ако нешто ветиле без наша согласност, тогаш нека се прави без нас. Ако ги почитуваат нашите ставови, тогаш треба да ни се даде простор да го искомуницираме тоа меѓу нас и со граѓаните, да видиме дали е прифатливо. Во овие околности, кога има дијаметрално спортивни размислувања за ист документ, нас ни е неопходно да ги видиме сите факти, со цел да не направиме некакви грешки при донесување во одлуката. Најголем проблем за нас е образованието и историјата. Нашиот став е во ЕУ да влеземе како Македонци, а не како втора бугарска држава, рече Милевски.