Министерството за образование дури сега пушти прашалник до родителите на основците за да провери како се снаоѓаа со учење онлајн со нивните деца, односно што треба да се прави од септември. Ако на една недела пред избори се пушта ваков прашалник, дилемата е зошто не се направи порано? Зошто сето време не се истражи теренот? Дали всушност пораката е „гласајте за нас, еве работиме во ваш“ интерес?
Министерот и всушност целото министерство изгледа заборавија дека постојано имаат обврска да работат во интерес на учениците и дека ниту еднаш не одговорија на прозивките зошто не направи никаква стратегија за образованието за време на ковид кризата?
Мнозинството од родителите не се за поддршка на онлајн учење одново, пак во септември.
-Можеби е подобро децата да одат во повеќе смени, со скратени часови, поделени во групи. Ние не сме педагози ниту стручњаци за да ги едуцираме на начин на кој тоа училиштата го прават, коментираат родителите.
Кога ќе биде готова стратегијата министерот Арбр Адеми нема конкретен одговор. Претпоставките се дека постизборно, евентуалното брзо формирање Влада би можело да го убрза процесот. А може и нема, може ќе се пипмпла околу составот на нова влада, па потоа ќе и треба време да се адаптира…
Веројатно политиката ќе остане поважна од образованието… А дали ќе се оди во училиште или не можно е да ни јават во октомври за септември.