Темно Режим Светло Режим

Мицкоски ги повикува граѓаните утре на протест против насилството на мафијата на Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува нов протест за утре во Скопје. Партискиот претседател Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи ги повикува граѓаните да се приклучат на протестот кој како што вели е против неправдата, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев.

Протесто ќе почне од Министерството за правда, а ќе заврши пред Основниот суд 1.

-Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта? Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија?

Advertisement

-Кога Луј Витон судството носи “трас-трас” одлуки кои ги диктира Заев

-Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата

-Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види

-Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови службени возила истата таа мафија

-Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат

-Кога судството го штити криминалот

-Кога обвинителството молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделки на Заев-Дака за милионски бизниси во Тетово

-Кога обвинителството не сака да го види криминалот во Еуростандард

Одговорот е ПРОТЕСТ. ПРОТЕСТ против неправди, реваншизам и насилство на мафијата на Заев, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Како Шилегов планира, да испланира, план за планирање тунел под Кале?

Следниот Пост

Филипче: Состојбата со вирусот се влошува, можно е задолжително носење маски на отворено...