МКЦ повикува: Пишете ни писмо со наслов „Драг МКЦ“

Специјален повик објавува Младинскиот културен центар со кој апелира до сите соработници на овој центар на културата својата приказна да ја раскажат преку писмо со наслов „Драг МКЦ“. Истите ќе бидат објавени во Монографија, која ќе се издаде по повод 50 години од роденденот на МКЦ.

Од таму посочуваат дека писмата може да се испраќаат во текот на цела 2021 година до поштенската адреса на МКЦ, по електронска пошта или лично до МКЦ или пак преку пораки на профилите на МКЦ на социјалните мрежи.
-Адресите за испраќање се ЈУ МКЦ Скопје, адреса Кеј Димитар Влахов 15 или [email protected] како и поштенските сандачиња на нашите профили на социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук и Твитер, велат од МКЦ.

Претходна вестКолку време ќе трепкаат жолто семафорите во Чаир?
Следна вестОблачно и студено време, вечерва се очекува и снег