Млад Косовец прегазил дете во Гостивар

Косовец удрил во малолетен пешак вчера во Гостивар. Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди.

– Вчера на крстосницата на улиците „18 Ноември“ и „Београдска“ во Гостивар, автомобил „опел“ управуван од косовскиот државјанин со престој во Гостивар Е.Х.(25), удрил во малолетен пешак од Гостивар, информираат од МВР.

Од полицијата додаваат и дека во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Претходна вестЕлмас прв пат беше центарфор, тренерот е задоволен, а за судијата…
Следна вестРевизорски извештај: Во Арачиново сѐ уште не се наплаќа данок