Младата фудбалска репрезентација на Македонија одигра нерешено со Црна Гора

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години одигра нерешено 3:3 против соодветната селекцијата на Црна Гора во рамките на првиот контролен натпревар помеѓу овие две селекции. Македонија и Црна Гора одиграа извонреден меч со високо темпо и отворена игра во текот на сите 90 минути. Контролен дуел во кој нашата селекција беше подобриот противник во поголемиот дел од средбата, но на крајот и покрај добрата игра не успеавме да забележиме победа.

Противникот одлично го започна натпреварот и рано успеа да дојде до предност. Стрелец на водечкиот погодок беше Павичевиќ во третата минута од средбата. Нашите млади фудбалери брзо ги консолидираа своите фудбалери и одлично реагираа по примениот погодок, успевајќи да го израмнат резултатот во осмата минута, а стрелец беше Бранковски.

Комплетен пресврт Македонија направи во 28 минута, кога Грашески одлично се снајде и успеа да погоди за водство од 2:1.

Во продолжението од средбата, Македонија продолжи со добрата игра и тоа резултираше со нов погодок. Во 67 минута Грашевски, го постигнува својот втор гол на денешната средба и ја зголемува предноста на Македонија на 3:1. Во 78 минута, Јовановиќ ја намалува предноста на 3:2, а само 120 секунди подоцна, Фабрис постигнува нов гол за Црна Гора и ги поставува конечните 3:3.

Претходна вестТројца тинејџери запалиле кафемат во Битола, по што се запали и бандера
Следна вестИ добрата идеја за стипендирање на студенти во странство ја упропастија