Москва нападната со дронови

Москва рано утринава беше нападната со беспилотни летала, односно дронови од правец на Украина. Дроновите биле пресретнати и уништени и нема жртви, тврдат од руското Министерство за одбрана.

На два километри од зградата на министерството биле пронајдени фрагменти од дрон.

Министерството за одбрана го нарече „терористички напад“, додека градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека околу четири часот наутро биле погодени две нестанбени згради. Не е јасно дали беспилотните летала удриле во зградите кога биле соборени или зградите биле намерно погодени.

Претходна вестРичард Никсон пред 30 години ја предвидел војната во Украина
Следна вестИма ли место во Скопје каде се гради навистина плански и хумано?