Москва: Одбивање на Бугарија, Црна Гора и Македонија да го пуштат авионот на Лавров не е нивна одлука

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров ја откажа утрешната посета на Белград, откако Македонија, Црна Гора и Бугарија го забранија неговиот лет над своето небо. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека посетата се откажува.

-Реакцијата на Москва и Белград за затворањето на воздушниот простор за Сергеј Лавров треба да биде заедничка и крајно остра, соопштија властите од Москва.

Официјално, се очекува за тоа да разговара и рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко, со кој денеска разговара претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а кој вечерва ќе им се обрати на граѓаните.

– Денешниот демарш, се разбира, не е поврзан со авионот. Тој е насочен против Русија како држава и против Србија како држава. Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, во формат не само дипломатски протест, но и конкретни, практични одговори, изјави заменик-претседателот на Советот на Федерацијата Русија, Константин Косачев.

Според него, сегашното колективно одбивање на Бугарија, Црна Гора и Македонија да го пуштат авионот на Лавров во Србија, без сомнение, не е одлука на овие три земји.

-Со влезот во НАТО, сите три земји сериозно и долго време го загубија својот суверенитет, а Европската унија за нив е само параван во овие срамни околности. Ова е демарш на НАТО, а без САД немаше да постои, рече тој.

Истовремено, портпаролката на Министерството Марија Захарова оцени дека Москва не е таа што ја прави новата „железна завеса“, туку дека Европа е таа што ја опкружува Русија.

-Железните завеси нема да бидат, на крајот на краиштата, од наша страна, не треба да се грижите. ЕУ е таа што ја штити Русија. Вашите грешки се во тоа што сте премногу себични, што мислите дека сте во центарот на светот, дека освен вас нема други народи на светот. Немате морално право некого да научите нешто, рече Захарова. 

Претходна вестМВР бара 600 полицајци, ќе заживее ли конечно позорникарска служба или ќе завршат по канцеларии?
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Не се намалува невработеноста туку луѓето се иселуваат од Македонија