Мртов маж најден во скопско Кучевиште

Седумдесет и двегодишен маж бил најден починат во домот во скопско Кучевиште. Случајот бил пријавен два часа по полноќ.

– Денеска (01.01.2024) во 02.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во с.Кучевиште бил пронајден починат Б.С.(72), објави вчера МВР.

Од страна на Итната медицинска помош констатирана била смрт, а телото било предадено за обдукција.

Претходна вестИндиските научници започнаа да ги проучуваат вселенските црни дупки
Следна вестСтрујомерите вртат по новата цена, мораше ли да се наплаќа мрежарина?