Музичарот Петар Младеновски предупредува: Група малолетни деликвенти напаѓаат во Капиштец, го претепаа и син ми

Група од четворица малолетни деликвенти напаѓаат други деца во скопската населба Капиштец а на тоа не се реагира доволно, предупреди денеска музичарот Петар Младеновски,познат како Пеце Суперхикс. Тој реагира на случај во којшто неговиот малолетен син бил жртва на физички напад од оваа група додека се играл на кошот во Парк Капиштец. Во објавата не неговиот профил на социјална мрежа Фејсбук тој детално го раскажал целиот случај.

-Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи. Во неделата вечерта, некаде околу 21 часот, мојот малолетен син е нападнат играјќи сам кошарка на кошот во Парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години. Прописно е исшамаран и исклоцан без никаква причина (оние кои не знаат од соседството знаат  многу добро колку мирно и повлечено дете е мојот син) а се обиделе и да му го украдат баскетот. Добивме повик од него дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај „Беверли Хилс“ истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат(хм…), раскажува Младеновски.

Тој наведува дека полицијата дошла брзо по што добил информација дека се работи за познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела.

-Но, дознав и дека истите се штитеници од Домот за деца (од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување) за кој, искрен да бидам, прв пат слушам иако живеам на неполни 700 метри од куќата, “25 Мај“ кој се наоѓа на улицата „Елисие Поповски“ во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени. Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат, наведува Младеновски.

Тој додава дека неговиот син има последици од настанот и трауми кои ќе ги влече подолго време. Но и дека ќе продолжи со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн.

-Иако е веќе дадена и изјавата реакција нема никаква, за жал, барем за сега.. Ќе продолжам со преземање на сите можни дејствија за расчистување на случајот и некаква реакција против овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседтсвото и нема тука да запре. Едноствано овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА.  Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив., потенцира тој.

Според него, за ова е исконтактирана е директорката на Домот, добил повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска… а би сакал со случајот да се запознае и  Општина Центар и Горан Герасимовски.

-Очекуваме помош и од полицијата и од сите кои се надлежни да постапат по ова. Не се чувствуваме безбедни во сопствената населба и Паркот Капиштец. Ова не е прв инцидент. Се намножија низ годините. Реакцијата е млака или ја нема воопшто, предупредва Петар Младеновски.

Претходна вестПорачал на аскерот дека Македонците никогаш не се предаваат – народот го воспеал „Јас Методи Патче од Охрида…“
Следна вестМаж прегазен од воз пронајден во скопски Хиподром