Темен режим Режим на светлина

МВР: Каблите на „Железнички мост“ се оштетени поради лоши временски услови

Поради ветерот и временските услови оштетени биле кабли на мобилен оператор на „Жалезничкиот мост“ во Карпош, информираа од МВР. Ова е утврдено по добиена пријава дека висат кабли од „Железнички Мост“ на булеварот „Васил Чакаларов“, во општина Карпош.

– За состојбата на каблите е известен мобилниот оператор кој ќе ги санира откачените кабли, потврдија вчера од МВР за Канал 5.

Ова следи по информација од Град Скопје дека заедно со општина Карпош ќе поднесат пријава поради сомневања дека во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли, како и сомнежи оти сето тоа има политичка позадина.

Инаку, пријавите за состојбите со мостовите следуваат по пожарот кај мостот „Беласица“ чие затворање го зголеми и онака големиот сообраќаен метеж во главниот град. Засега причините за пожарот остануваат мистерија, а според експертите, доколку истрагата покаже дека е потребна скромна санација, би траела најмалку два месеци, а за сеопфатна ќе мине една година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Иако предадени, храбрите македонски востаници пред 147 години го кренале Разловечкото востание веејќи првпат знаме со името Македонија

Следна објава

Новиот директор на Бирото за метрологија Селами: Мислев дека метрологијата е наука за времето