Оглас за прием на вкупно 600 полицајци во полициски станици ширум Македонија денеска распиша Министерството за внатрешни работи. Од нив, предвидено е, 100 извршители ќе бидат распределени во Секторот за внатрешни работи во Скопје, во Струмица, Охрид, Битола, Куманово 50, Тетово, Велес, Штип 30….
Условите предвидуваат кандидатите да имаат македонско државјанство, да се помлади од 25 години, да има завршено најмалку средно образование, да е здравствено и психофизички способен и др. Посебни услови предвидуваат да е висок најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена), да има висока лична физичка подготвеност.
Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција.