МЗТ Скопје поразен од Мега

МЗТ Скопје Аеродром не може да победи на гости. Тимот на Драган Николиќ загуби од Мега со 93:86, и остана на само четири победи наспроти 17 неуспеси во регионалното натпреварување, односно АБА лигата.

МЗТ Скопје добро го отвори мечот и првиот период го доби со 22:27. Сепак, одговори Мега со 26:15 во втората четвртина и замина на одмор со шест поени позитива. Домаќините зголемија и на двоцифрена предност во третиот сегмент, имаа и 15 поени разлика, а МЗТ Скопје до крајот поднамали, но и не можеше комплетно да се врати во мечот.

Никола Ѓуришиќ постигна 20 поени, а Матеј Рудан поен помалку во тимот на Мега. Кај МЗТ Скопје, Кофи беше стрелец на 18 поени, а Абу постигна 17.

Претходна вестДоријан Бабунски е избран за играч на месецот во Унгарија
Следна вестНикола Ѓорѓиев со својот тим Љубљана го освои Купот на Словенија