МЗТ Скопје со убедлива победа против Куманово

МЗТ Скопје го победи Куманово 2009 на гостински терен. На вчерашниот меч Сино-белите водеа со дури 22 поени разлика.

Домаќинот водеше во првите две четвртини со околу четири поени разлика, но сепак не успеа да го победи својот ривал. Веќе во третата четвртина МЗТ се врати во полна сила по што постигна убедллив триумф.

Кошаркарот Кеандре Кук постигна 17 поени за МЗТ, а Дамјан Стојановски 14.

Најефикасен на натпреварот беше Марјановиќ од Куманово со постигнат 21 поен.

Претходна вестГо напиша „Црно Семе“, ги опиша страдањата на Македонците: На денешен ден е роден – Ташко Георгиевски
Следна вестЗавршува обврската за поседување зимска опрема во возилата