МЗТ забележа важна победа над ФМП во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаa до многу важна победа во АБА лигата откако во „Јане Сандански“ го совлада тимот на ФМП со 87:82. Тимот на Драган Николиќ сега има значителни поголеми шанси за да обезбеди опстанок во регионалното кошаркарско натпреварување.

МЗТ Скопје многу лошо стартуваше, ФМП обезбеди двоцифрена предност (2:14), но постепено тоа го анулираше, по првиот период имаше четири негатива (13:17), а потоа и мина во водство (20:19).

Неизвесноста продолжи и во втората четвртина, па на полувреме ФМП имаше три поени предност (35:38).

Сепак, одличната трета четвртина беше пресудна за триумфот на МЗТ Скопје Аеродром. Домаќинот ја доби со 30:18 и обезбеди солидна предност.

На една минута до крајот, МЗТ имаше 84:79 и успеа да го приведе мечот до крај. Кефи постигна 26 поени за победничкиот тим, а Дастин Вер додаде 13.

Ебука Изунду со 18 кошеви беше најефикасен кај ФМП.

Претходна вестСтудија: За 12 години над половина луѓе на светот ќе бидат предебели
Следна вестСе слави Тодорица, празник на приврзаноста кон велигденскиот пост