На 25 јуни во Слоештица ќе се одбележи 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски

Во вторник (25 јуни) со почеток во 13 часот во село Слоештица, Демир Хисар ќе се одржи настан по повод  90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски.

Како што информираат организаторите, на настанот покрај посетата на гробот на Петре во с. Слоештица, предвидена е реализација на културна манифестација која вклучува литературно читање на дел од поезијата на Петре М. Андреевски и квиз со едукативен карактер поврзан со неговиот лик и дело. На крајот ќе биде свечено откриена склуптура инспирирана од прочуената „ДЕНИЦИЈА“, изработена од познатиот македонски уметник Никола Пијанманов.

Настанот е во организација на Македонското научно друштво – Битола, во соработка со Педагошки факултет – Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студенското собрание при УКЛО, -АРТ ПОИНТ – ГУМНО, с. Слоештица и Europe House – Битола.

Претходна вестТројца граѓани каснати од бездомни кучиња во Аеродром, Чаир и Илинден
Следна вестВозач со автомобилот удри во 77-годишен мотоциклист во Штип