Националната галерија ја продолжи изложбата на илустрации на големиот ликовен уметник, Димитар Кондовски во „Мала станица“ заради големиот интерес.
Изложбата беше отворена на 14 октомври и за само две недели, почитувајќи ги ковид-протоколите, ја посетија неколку стотици вљубеници на уметноста. Оригиналните илустрации на антологиските „Зоки Поки“, „Алиса во земјата на чудата“, „Колибата на чичко Том“, „Џиновски сликовници“, корици на „Росица“ и многу други списанија и наслови ги красат просториите на „Мала станица.“
За време на изложбата се реализираа неколку работилници посветени на децата, а под мотото „Емоцијата има своја боја“.