На две локации денеска започнува Гази Баба Хип Хоп Фест

Во скопската општина Гази Баба, во населбата Автокоманда денеска ќе се одржи „Гази Баба Хип Хоп Фест“ – на плоштадот Коцка и во Домот на култура “Димитар Влахов”. Настанот ќе започне во 15:30 часот, а влезот за сите настани е слободен.

На плоштадот Коцка од 15:30 -17:00 часот е предвидено да се одржи DJ Работилница со DJ Popeye. Истата е наменета за сите млади кои се заинтересирани да научат нешто повеќе за грамафоните и скречувањето. Настанот е на отворено и на него може да се пријави и да присуствува секое лице на возраст од 10 години па нагоре.

Програмата продолжува во Домот на културата „Димитар Влахов“ со Tiny Desk Concert со Кацар и Мартикс од 17:30 – 18:30 часот. Ова е мал уметнички перформанс кој е наменет за секој уметник кој сака да се запознае со суштината на хип хоп културата.

Од 19:00 часот повторно на плоштадот Коцка ќе се одржи концерт на кој ќе настапат дел од најистакнатите македонски рап артисти и тоа: Д.С.Ш, Огнен Боксбитер, Кискинов, Бибич, Кацар, ЛД Пистолеро & DJ Гоце ft. Р.О.Н.И.Н., DJ Гоце САФ плус андерграунд претставување на танцово студио Еурека и еМСи Јан.

 

Претходна вестЗа првпат парализирана жена може да зборува преку дигитален аватар (ВИДЕО)
Следна вестМалата црква во Кисела Вода наскоро ќе им биде достапна на верниците