На малолетник му се заканувале со нож во скопски Аеродром

Tриесет и деветгодишна мајка пријавила дека на нејзиниот син му се заканувале со нож во скопската населба Аеродром. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Вчера во 14:40 часот во СВР Скопје, В.Н.(39) од Скопје пријавила дека околу 11 часот на подрачјето на Аеродром едно лице со остар предмет упатило закани на нејзиниот малолетен син, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестНа остров голем колку половина фудбалско игралиште живеат повеќе од 500 луѓе и ја водат „најмалата војна“ во Африка
Следна вестВо Чифте амам изложба на скулптури од уметникот Томе Аџиевски