На местото на старата полициска станица во Ѓорче Петров направен паркинг

На место на поранешната полициска станица која беше срушена пред неполна година направен е паркинг простор со 46 паркинг места, информира денеска општина Ѓорче Петров.

Во информацијата се наведува дека 42 места се наменети за моторни возила, 1 паркинг место за возило на лица со попреченост и 3 паркинг места за мотоцикли. Изведена е атмосферска канализација и поставено е  соодветно осветлување со што е зголемена безбедноста на граѓаните и намален ризикот од кражби.

-Изградбата на паркингот е по барање на околните станари кои со неговата изведба добиваат соодветно место за своите возила а истовремено и зголемена безбедноста во сообраќајот. За три години во централниот дел на Ѓорче Петров изведени се 5 паркинг простори со капацитет за околу 200 возила, со што се решава проблемот со паркирање во општината, наведува општината.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Шилегов може да сруши тоа што го изградил, а бидејќи ништо не изградил…
Следна вестГраѓаните ги потсетуваат Шилегов и Богоев: Паркот во Карпош 4 ќе, ќе, ќе биде… ли?