На Осоговските планини запленети над 200 метри кубни бесправно исечени дрва

Повеќе од 200 метри кубни бесправо исечени дрва запленила полицијата во денешната акција на Осоговските планини.

МВР соопшти дека денеска (01.10.2022) полициски службеници од СВР Штип- ОВР Кочани, по претходно добиени оперативни сознанија за пустошење на шума, во содејство со Државен инспекторат за шумарство и ловство, постапувајќи во склоп на Оперативна акција „Гора“ околу 10.30 часот во Осоговските планини на место викано Бунари, покрај шумски пат, пронајдоа над 200 метри кубни бесправна сеча на огревно дрво бука, од кои околу 150 метри кубни подготвени за превоз од страна на правно лице од Кочани.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Кочани.

-Исто така, денеска во Осоговските планини на место викано Бабини градини затекнати се четири лица од Виница, вработени во правно лице од Пробиштип, како вршат бесправна сеча на огревно дрво бука. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Кочани, се наведува во соопштението.

 

Претходна вестМоторџија тешко повреден по сударот во Чаир
Следна вестИма па нема струја во Клинички центар