Има па нема струја во Клинички центар

Неколку прекини на струја се забалежани во изминативе денови во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Во четвртокот пред 8 часот, итно се вклучиле агрегатите за резервно напојување на Хирургија, Интерниот блок, Кардиологија и Клиниката за детски болести. Вчера без струја останата Клиника за онклошки болести при што било сопрено издавањето на наоди на пациенти. Дефектите се потврдени и од менаџментот на Заедничките служби на Клиничкиот центар.

-Дефектите биле пријавени во четвртокот, но се работело за краток прекин од 15 минути кој не се одразил врз редовното функционирање на установата, изјави за медиумите Амар Даут, директорот на Заедничките служби при „Мајка Тереза“, Амар Даут.

Директорот на Онкологија Нино Васев изјави дека немало прекин на зрачната терапија туку само на издавањето наоди.

Од ЕВН соопштија дека оштетен кабел од трафостаницата „Буњаковец“ кон трафостаницата „НИП Нова Македонија“ била причината за дефектот на Клинички, но дека нивните екипи веднаш интервенирале и за кратко време снабдувањето се стабилизирало.

Претходна вестНа Осоговските планини запленети над 200 метри кубни бесправно исечени дрва
Следна вестСончево со мала облачност