На Заев и Гаши им тргна муaбетењето, а Ахмети чека…

Формирањето на ново владино мнозинство никако да заврши, си трае и трае иако Македонија е во криза и треба вниманието на оние кои ја водат државата да биде усмерена на друго место. Но секогаш на јавноста и се кажува дека има напредок. Ете затоа се и многуте поседенки  на Африм Гаши од „Алтернатива“ и премиерот во оставка Зоран Заев.

Вчера, на третата по ред средба, според владиното соопштение, се зборувало за видувањата од двете страни за „споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт“. Какви распределби на владините ресори и кои кадровски решенија во нив ќе се најдат, останува да се види. Но, серијалот на средбите околу влезот на Алтернативата во владиното друштво и тука нема да запре. Сега се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации во СДСМ и Алтернатива и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка влада. А тоа, извесно, значи нов круг на договарања и средби…

Може, ли Македонија сето тоа да го чека? Размислува и зборува ли некој за тоа на поседенките? Или на Заев и Гаши им се бендиса муабетењето…

Но, прашање е дали и по сите тие епизоди формирањето на владината колаиција и распредлебата на ресорите ќе заврши или тек следуваат поседенки со другите од владината коалиција? Според сознанијата, актуелните коалициските партнери на Заев чекаат информација околу неговите разговори со Алтернатива. Тие се уште немаат конкретни сознанија за тоа што се е ставено на маса што значи дека е можно и да се јави одредено незадоволство или нови барања за да останат во коалицијата.

Вицепремиерот Артан Груби најави дека парламентарното мнозинство, освен со Алтернатива, ќе се прошири уште и со еден-двајца пратеници Албанци. Од друга страна, тој изјави дека во однос на влезот на Алтернатива и на прераспределбата на владините ресори „ќе направи она што ќе го каже Али Ахмети“. 

Значи, ќе треба Заев да си помуабети и со Ахмети? Колку ли ќе трае тоа, додека е мандатот на Владата која сега нема мнозинска поткрепа во Собранието?

Претходна вестПротести против висококатниците во Центар, а се бара и референдум
Следна вестОд 200 до 500 евра за пукање со оружје и пиротехника