Протести против висококатниците во Центар, а се бара и референдум

 Најавените висококатници спроти „Холидеј ин“ високо ја дигаат тензијата меѓу скопјани. Имено, протест пред Јавното обивнителство вo петок ќе организира Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ против изградбата на висококатниците во центарот на Скопје. Во најавата за протест се бара веднаш да се запрат градежните активности на просторот, а Обвинителството да се произнесе за иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција која побара да се испитаат сомнежите околу носењето на ДУП-от за тој простор. 

Познато е, антикорупционерите поднесоа иницијатива до Обвинителството пред повеќе од половина година со која се опфатени двајца поранешни градоначалници на Центар и повеќе службеници. Но, и покрај доста поминато време предметот е се уште во предистражна постапка. Обвинителството се правда дека се работи за обемен материјал и период.

Освен ова, „Зелен хуман град“ бара и Владата да одвои средства од централниот буџет доколку Општина Центар нема доволно за новомаалци да добијат решение и излез од нехуманите услови во кои живеат. Барањето е и Советот на Општина Центар најитно да го изгласа елаборатот за суспензија за натамошно спроведување на овој ДУП, и за локацијата да се распише меѓународен конкурс со кој ќе се гарантира зелено и хумано решение“.

исококатници на таа локација ќе резултира со уште поголемо загадување на воздухот во главниот град. Центарот ќе биде парализиран од сообраќаен метеж, велат од ЗХГ.

Неодамна, барање за локален референдум на кој жителите на општина Центар ќе имаат можност директно да се изјаснат околу градењето на високите згради кај хотелот „Холидеј ин“ најавија  советниците на „Левица“ во Советот на оваа скопска општина.

-Со практицирање на непосредна демократија, Центарци ќе можат непосредно да се изјаснат дали се или не се за градба, дури и по цена да си го откупат со самопридонес насилно украденото, за да спречат тотална дехуманизација на овој простор, се потенцира во партиското соопштение.

Но, и покрај сите овие реакции општина Центар не се премислува околу стопирањето градбата со која започна инвеститор „МГ фешн“. Образложението е дека дозволата за градба е издадена уште во јуни и дека нема пречка за почеток.

Јавното обвинителство е на потег, потребно е интензивирање на истрагата која треба да даде клучни одговори за тоа дали постапката за издавање дозвола за висококатниците била исправна. Да се надеваме дека ЈО нема да се произнесе тогаш кога високотаниците ќе бидат во напредна фаза од изградбата.

Затоа се најавуваат и протести, а се чека и одлука за раферендум…

Претходна вестКонцерт на „Св. Злата Мегленска“ вечерва во МОБ
Следна вестНа Заев и Гаши им тргна муaбетењето, а Ахмети чека…