Силно невреме се очекува денеска да ја зафати јужна Грција, па поради тоа ќе бидат затворени сите јавни и приватни основни и средни училишта,
како мерка на претпазливост. Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за силен дожд и грмотевици во централна и јужна Грција, локално обилни врнежи од снег во планинските области на Тесалија и Северна Грција.
Се очекува бурите да се интензивираат во источен и јужен Пелопонез, Атика, и на островите.
Денеска нема да возат ниту траектите кон островите Закинтос и Кефалонија, поради силни ветрови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: