Најден манган во беровската вода за пиење, од утре до сите граѓани ќе биде доставена вода со цистерни

Од утре до сите граѓани во Берово ќе биде доставена вода со цистерни која ќе се полни од соседно Делчево, информираа од комуналното претпријатие во Берово. До ова доаѓа откако е објавена информација за забрана на пиење на водата во Берово поради зголемено количество на манган.

Поради ова, од вчера во Берово водата е дозволена да се користи само за техничка употреба.

Дозволеното нормално присуството на манган во водата за пиење треба да изнесува 0,5, додека во добиените резултати за водата во Берово е зголемена на 0,11, што е нешто што првпат е констатирано по анализите на водата од водоводниот систем во Берово.

-Сепак не треба да се крева паника, иако во текот на вчерашниот ден, граѓаните за кратко време ги испразнија маркетите во градот и масовно купуваа вода за пиење. Упатуваме апел до сите стопанственици и сопственици на маркети, да бидат општествено одговорни и доколку сакаат да помогнат на граѓаните со бесплатна флаширана вода, бидејќи секој не може да си дозволи секојдневно да купува, се вели во соопштението од надлежните.

За распоредот и доставата на вода по реони во градот од претпријатието ќе излезат со дополнително соопштение во текот на денот.

Претходна вестРадев: Доколку државното раководство на РСМ навистина има желба за влез во ЕУ, мора да ја исполни Преговарачката рамка и Договорот за добрососедство
Следна вестФилипче: Буџетот за 2025 е недомаќински, СДСМ ќе поднесе повеќе од 200 амандмани