Од 07:00 часот утринава, на патниот правец Кратово – Пробиштип е воведена забрана за движење на тешки моторни возила.
Забраната е резултат на обилните снежни наноси кои го отежнуваат сообраќајот и претставуваат опасност за учесниците на патот.
Надлежните служби апелираат до возачите на тешките моторни возила да го почитуваат ограничувањето и да ги следат препораките за движење по алтернативни правци додека траат активностите за расчистување на снегот и обезбедување на безбеден премин.