Вкупно 60 респиратори како донација од НАТО ќе пристигнат денеска на скопскиот аеродром за лекување на заболените од корона вирусот.
Донацијата е од Доверителниот фонд на Алијансата е вредна 1,4 милиони евра, а министерот за здравство Венко Филипче неодамна најави дека помошта ќе да биде дистрибуирана меѓу јавните здравствени установи во согласност со потребите, експертизата и бројот на пациенти кои се лекуваат.
НАТО при посетата на премиерот Зоран Заев во Брисел на 8 октомври соопшти дека ќе испрати нов пакет помош кој вклучува 60 респиратори и друга неопходна опрема за борба против вирусот.