Не е една, туку се две млади жртви од ковид – на 23 и на 24 години

Дваесет и тригодишна девојка од Кичево и 24-годишна пациентка од Скопје се двете најмлади жртви од ковид меѓу 17-те смртни случаи во изминатите 24 часа во земјава.

Според објаснувањето од Министерството за здравство, девојката од Кичево имала и други хронични заболувања, а ковид само и ја комплицирал здравствената состојба.

Девојката од Скопје, пак, починала на Инфективната клиника каде се лекувала последните денови, и каде била пренесена од еден од ковид-центрите на интерните клиники.

Претходно таа се лекувала дома, со антибиотик, по препорака на матичниот лекар.

Претходна вестОд Ковид почина 23- годишна девојка, вкупно 17 во 24 часа, нови заразени се 1.347
Следна вестУтре од 9 до 15 часот без струја во Карпош и Кисела Вода