Намален бројот на заразени од Ковид-19, смртноста зголемена

 

Помалку новозаразени, но повеќе починати лица од Ковид-19 се забележани во периодот од 21 до 27 март, споредено со претходната седмица, покажува редовна анализа на Институтот за јавно здравје.

-Тестирани се вкупно 16.074 материјали, а регистрирани се 1.696 нови позитивни случаи, што е за 7,5 отсто помалку во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4 проценти до 14,3 отсто, просечно 10,1 отсто, се наведува во денешниот извештај.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 1.032. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена се лица над 60 години, а најмал бројот кај возрасната група од 0-9 години.

-Евидентирани се 17 смртни случаи, за 13,3 отсто повеќе во однос на претходната недела кога имало 15. Најголем дел од нив се од Скопје (8). Во однос на возраста, 16 починати се над 60 години, а еден од возрасната група од 50-59 години.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 82 лица (24,8% помалку во споредба со претходна недела), од нив 33 се на кислородна поддршка, а еден на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 24 март, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 852.855, а со трета доза 152.109 лица.

Претходна вестНов круг на преговори, Зеленски подготвен да прифати „неутралност“
Следна вестВечерва во Порто македонската фудбалска чета пред клучниот предизвик