Нема договор, автобусите 9, 12, 22, 23 и 45 на „Слобода превоз“ и утре нема да возат

Без договор завршила денешната средба меѓу претставниците на Градот Скопје и на фирмата „Слобода превоз“ за надминување на проблемот со кој денеска не функционираат пет автобуски линии во градот. Причина е што Градот Скопје не може да најде начин за исплата на заостанат долг кој го има кон приватниот авотбуски превозник.

Директорот на претпријатието, Ленин Јовановски, најави дека автобусите на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, кои не сообраќаа денеска, нема да сообраќаат и утре, а за другите линии ќе се одлучи по средбата со превозниците.

-Иако состанокот беше напорен и траеше толку долго, за жал, не можам да кажам дека се договоривме за нешто конкретно. Заклучокот беше дека Градот Скопје во моментов не може финансиски да помогне и да гарантира со одредена сума заради тоа што ребалансот на буџетот се уште не е поминат и единствено што може да се зборува за решавање на состојбата е дури после 40 дена со новиот буџет“, изјави Јовановски по средбата со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров.

Од „Слобода превоз“, вчера, рекоа дека со крајни напори ќе се обезбеди редовен превоз на линиите 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73, кои како приградски линии делумно се финансираат и од општините кои не се во состав на Град Скопје, за да не се случи поради неизвршување на тој превоз да имаат причина да престанат да ги уплаќаат средствата во ЈСП.

Претходна вестАпасиев удрил проста математика на анкетата и објаснил за „премиерската пизма“
Следна вестСудењето за убиството на Денис Тот: Обвинителството бара казна, одбраната ослободување на тројцата обвинети