Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, со врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец, кој повремено ќе засилува. Температурите ќе бидат во благ пораст, но времето ќе остане нестабилно и влажно.
Според најавите на УХМР, врнежите на одредени места ќе бидат пообилни, особено во западните и планинските подрачја, каде се очекува формирање снежна покривка.
Во текот на наредните денови се очекува продолжување на променливото време, со повремени врнежи и температури кои постепено ќе се намалуваат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




