Темен режим Режим на светлина

Незаменлив ли е комисистот Ѓорѓиев па го има и во ад-хок телото за употребата на имињата на историските личности?

Откако се појавија разни здруженија во Македонија со имиња на спорни па дури и профашистички личност, се поразбудија во Владата. Во иднина ќе ги спречувале таквите појави со правење на советодавно тело кое ќе кажува мислење за спорни имиња на здруженија.

И така, се формира осумчлено советодавно тело кое ќе дава мислење околу употребата на имињата на историските и други личности при регистрацијата на имињата на одредени здруженија и други правни лица. Одлуката ја донела Владата на последната седница при што се наведува дека тоа ќе биде меѓуресорско, ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, којшто е во фаза на изработка.

Советодавното тело е составено од седум членови, номинирани од самите институции и тоа: д-р Билјана Ристовска – Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј‘‘ – Скопје; д-р Бобан Петровски, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје – за прашања од антички период и среден век; д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје – за прашања од нов и најнов век; академик Драги Ѓоргиев, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите; Антонио Павлоски, посебен советник во Кабинетот на Министерот за култура; Билјана Мицковска од Сектор за правни работи при Министерството за економија; Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и Ана Трајчева – регистратор во Централниот регистар на Македонија.

Владата предвидела дека по потреба, во работата на ова тело може да бидат вклучени дополнително и други лица од граѓанскиот сектор и надлежните институции.

Останува нејасно дали видните историчари во Македонија кои опоменуваат и негодуваат што има злоупотреба на историјата за политички цели одбиле да бидат дел од оваа комисија или пак не ни биле поканети да членуваат. Јасно е само дека академик Драги Ѓорѓиев кој е актуелен копретседател на македонскиот дел од мешовитата македонско – бугарска комисија за историски и образовни прашања е незаменлив и го има и во ова ад-хок тело.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Актерката Силвија Стојановска ослободена од вината за шверц на кокаин

Следна објава

Тројца починати и 134 новозаразени од Ковид-19