„Итно да се преземат конкретни чекори за ќнрешавање на проблемот со бездомните кучиња и глутниците низ Карпош, кој ескалира од ден за ден, а само последниов месец имаше неколку напади на луѓе, покрај Сити Мол и на Кеј, а прашање на време е кога ќе се случат нови”, побараа денеска од Здружението „Независни за Карпош”
Тие побараа и итно формирање на кризен штаб во Општина Карпош, сочинет од вработени во општината, претставници од Град Скопје и по можност од другите општини во градот, лица од МВР, АХВ, „Лајка” и по потреба ветеринари кои работат на територија на општината, а кучињата кои се идентификувани од други општини или држави, да се вратат назад под итно и да се идентификуваат чинителите со помош на МВР и камерите на Сејф сити.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: