Никола Пановски: Не рекламирам никаков чај за паразити, зошто не се апсат тие измамници!?

Барање да бидат уапсени криминалци кои на интернет профитираат со злоупотреби и неовластено објавување на фотографии на лекари во функција на реклами на одредени производи, денеска упати микробиологот Никола Пановски. Во објавата на неговиот профил на Фејсбук тој наведе дека и самиот тој станал жртва и е злоупотребен за вакви измами на граѓани.

– Драги пријатели, еве и мене ми дојде редот. Се видов со слика и текст. И до сега сум реагирал за да ги заштитам моите колеги. Група хохштаплери и криминалци од најдолен вид, со години, преку социјалните мрежи злоупотребуваат угледни доктори, професори, дел постојат, дел се измислени. Неовластено користат нивни фотографии, нивното име и титула, постираат нешто што тие не го кажале, па потоа продолжуваат со измислени пациенти, како тоа средство им помогнало итн. На крајот производот го продаваат онлајн, за висока цена. Неовластено се богатат злоупотребувајќи го нашиот углед стекнат со децении. Јавно лажат!!! Јас не рекламирам ни чај за паразиити, ниту некогаш ќе рекалмирам некој лек или лековито средство, наведува Пановски.

Тој додава дека ова трае со години.

-Сето ова на очиглед на десетина институции кои ние ги плаќаме да не заштитат: пациентите од лажни и непроверени производи, нас како стручни лица, злоупотребени на најдрзок начин. Ги прашувам зошто постојат, арам да ви е платата што ја примате: Агенција за аудиовизуелни медиуми, Агенција за заштита на лични податоци, Агенција за заштита од дискриминација, Антикорупциска комисија, УЈП,МАЛМЕД, Министерство за здравство, Обвинителство, Народен правобранител, МВР. Господине Оливер Спасовски, под итно уапсете ги овие криминалци, што е проблемот? Прекршуваат јавно, секој ден, десетици закони, се ви е на тацна, спасете си го угледот ваш и на Владата, заштите не нас и пациентите!!!, побара Пановски.

Претходна вестЌе дочекаме ли македонски функционер да даде оставка?
Следна вестПротест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!