Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!

Погледнете што сака да ни направи, нема да го дозволиме тоа! Срам да и е на градоначалничката Арсовска! Нѐ оставија без леб. Не можеме да однесеме леб дома, револтирано денеска порачаа приватните автобуски превозници на протестот пред диркецијата на ЈСП „Скопје“.

Кемал Муриќ, кој говореше во името на превозниците, рече дека тие се чесни луѓе кои самите инвестирале во сето она што го имаат, самите се имаат вработено, редовно плаќаат даноци.

-Сега се во оваа ситуација некои од нас плата немаат земено повеќе месеци. Редовно плаќаме даноци а сега се доведовме во ситуација, некои од нас да немаат земнено плата и шест месеци. Пред некој ден баравме прием кај градоначалничката Данела Арсовска, но не бевме примени. Затоа дојдовме тука културно и цивилизирано да побараме прием и од директорот на ЈСП „Скопје“ за да ни каже како најкомпетентен, зошто не нѐ исплаќа, според договорот и зошто дозволил да се акумулира толкав долг во изминатите месеци, рече Муриќ

Приватните превозници веќе пет дена не сообраќаат поради неисплатениот долг на Јавното сообраќајно претпријатие кон нив. Тие тврдат дека од самиот почеток фискалните апарати коишто им ги монтирало ЈСП не функционирале, ниту во приватните автобуси ниту пак во автобусите на ЈСП. Односно, дека ЈСП ја имало целата контрола врз билетите.

Тие вчера беа обвинети од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска дека од 2017 година наплаќале билети и парите не ги пријавувале, а фактурирале по 400 илјади евра од ЈСП секој месец.

Претходна вестНикола Пановски: Не рекламирам никаков чај за паразити, зошто не се апсат тие измамници!?
Следна вестМинистерство за правда: Документацијата за Барлет Џафери беше чувана една година, таква била досегашната пракса